Јамал е полн со самодоверба: Ќе го победиме ПСЖ со 1:0 и јас ќе го постигнам голот

Идната недела ќе се играат четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите, а едно од дербијата е тоа меѓу Барселона и ПСЖ.

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, со нетпрение го очекува дуелот со Светците, кој е закажан за в среда (21 часот) на „Паркот на принцовите“. Фудбалерот кој сè уште нема 18 години и веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Шпанија е полн со самодоверба пред дуелот со ПСЖ.

„Едвај го чекам дебито, тоа ќе биде мое прво четвртфинале во Лигата на шампионите. Понекогаш кога сум сам во собата, размислувам колку е лудо тоа што ми се случува. Според мене, во Париз ќе победиме со 1:0, а кој ќе биде стрелецот? Па, јас“, изјави Ламал за шпанските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести