35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Јамал ги одбра најдобрите единаесетмина во историјата на Барселона (Фото)

Ламине Јамал денес го слави 18-тиот роденден, а сите во Барселона се во очекување тој да ја добие 10-ката на Лео Меси. Младиот Шпанец во пресрет на својот роденден имаше тешка задача, да ги одбере најдобрите единаесетмина во историјата на „каталонците“.

Очекувано сите се од поновата генерација, односно фудбалери кои го носеле дресот во 21 век.

„На голот Виктор Валдес, бидејќи во мојата глава тој е најдобриот кој сме го имале и оној кој сум имал можност да го гледам.“ – започнува Јамал.

Во одбраната се одлучи за тројца фудбалери, Пике, Пујол и Маскерано, а најголем предизвик беше средината на теренот.

„Во средината Чави, Иниеста и Бускетс. Ќе го ставам и Роналдињо тука, бидејќи веќе го знам нападот.“ – вели младиот фудбалер на Барселона.

Нападот го сочинува славното „МСН“ трио – Меси, Суарес и Нејмар.

„Со нагласок на Меси, секако. Нејмар бидејќи ми е најдраг играч, а Луис Суарес според мене е најдобриот напаѓач.“ – додава Јамал.

- Оглас -

Најнови вести