Јамал го даде голот за победа, но Ханси Флик посочи друг играч како главен за победата во Билбао

Барселона победнички помина на тешкото гостување во Билбао против Атлетик, победувајќи минимално со 1:0. Ламин Јамал во средината на второто полувреме го постигна единствениот гол, доволен за три бода на каталонскиот гигант. Со овој триумф Барселона повторно е на четири бода пред Реал Мадрид во трката за титулата.

По мечот, тренерот на Барселона ханси Флик беше задоволен од победата.

„Не е лесно да се игра тука и да се победи. Навистина се радувам на триумфот и посебно поради тоа што не примивме гол. Го игравме нашиот стил на игра и потоа одлично се браневме. Сите се браневме. Тоа што не примивме гол ни дава самодоверба и ја поддржува нашата филозофија“, вели Флик, а потоа потенцираше кои се фудбалерите кои се главни адути на Барселона.

„Го кажав ова и претходно, Педри ги прави сите да бидат подобри на теренот. Тој ја менува играта. Се поврзува многу добро. Олмо исто така играше подобро во второто полувреме. Но, важно е што сите се бореа како тим. Јамал не одигра најдобро што знае, но неговиот погодок го реши мечот. Сега имаме еден натпревар помалку и три бода повеќе“, задоволно коментираше тренерот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести