8.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Јамал го известил селекторот на Шпанија дека е повреден, но добил шокантен одговор

Барселона објави дека Ламин Јамал ја обновил повредата на препоната и ќе биде надвор од фудбалските терени најмалку две до три недели, а најдобриот млад фудбалер во светот му се јавил на селекторот на Шпанија и го известил дека е повреден.

Сепак, веќе наредниот ден следувал вистински шок. Јамал се најде на списокот со повикани фудбалери за репрезентацијата на Шпанија, а разочарувањето во Барселона од однесувањето на селекторот се зголемило кога младиот фудбалер им открил што му рекол Де ла Фуенте.

„Ако можеш да играш за клубот, ќе можеш да играш и за нас.“ – наводно му рекол Луис де ла Фуенте на Ламин Јамал, а фудбалерот му пренел на раководството на клубот.

По повод повредата на Јамал, своја изјава имаше и Ханси Флик, кој најави дека тој нема да биде во комбинација и за Ел Класико против Реал Мадрид, меч кој треба да се одигра на 26-ти октомври.

- Оглас -

Најнови вести