Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, на 17 години и 291 дена го одигра својот 100-ти натпревар за каталонскиот клуб.
Јамал дебитираше во првиот тим на Барселона на 29-ти април 2023 година на натпреварот против Бетис, кога имаше само 15 години и 290 дена. На 100 натпревари досега, Ламин Јамал постигна 22 гола и има 33 асистенции.
Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, рече дека ваков талент се раѓа еднаш во 100 години и морало по тројца да го чуваат, за да го запрат. Јамал стана и најмладиот стрелец во историјата на полуфиналињата на Лигата на шампионите.
Многумина го споредуваат Јамал со Лионел Меси и факт е дека Шпанецот на оваа возраст е далеку подобар од тоа што беше Меси, но константноста е таа што од Меси направи легенда и најдобар стрелец во историјата на Барса.
Меси и како 18-годишен имаше само 9 настапи и еден гол за Барселона. Јамал многу помлад доби шанса да заигра. Но, кога Меси почна редовно да добива шанса и да игра, покажа каков играч е. На првите 100 меча за Барса, Меси даде 41 гол (Јамал има 22), а Јамал има 12 асистенции повеќе.