Само пред една година, на Европското првенство за фудбалери до 17 години, во полуфиналето играа Шпанија и Франција, а Ламин Јамал постигна гол кој е речиси ист како овој денешниот, со кој влезе во историјата на европскиот фудбал како најмлад стрелец на европските шампионати.
Младата ѕвезда вечерва даде прекрасен гол против Франција за изедначување на 1-1 и го најави пресвртот на Црвената фурија за пласман во финалето на ЕВРО 2024.
Пред една година, на јуниорското ЕП, Јамал и младите Шпанци беа поразени од Франција, но Јамал даде феноменален гол. Вечерва тој им се одмазди на Французите.
Погледнете каков гол лани даде Јамал против Франција:
Lamine Yamal 🆚 France, #U17EURO semi-final, 2023 🤯 pic.twitter.com/kORrM0UmjL
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 9, 2024