Јамал или Рајан? Нереални сцени пред ресторан во Барселона (Видео)

Комична сцена се случи пред еден ресторан во Барселона, откако група девојки го замолија Ламине Јамал да ги фотографира, но без да сфатат дека се работи а најдобриот млад фудбалер во светот.

Откако фудбалерот на „каталонците“ се намести да ги фотографира, една од девојките се сети за кого се работи, но не беше сигурна, па го праша како се вика. Одговорот беше „Рајан“, а истиот одговор следуваше и откако девојката го праша Јамал кое е неговото вистинско име.

Од позадина се слуша „тоа е Ламине Јамал“, но фудбалерот на Барселона остана упорен на твредењето дека се вика Рајан, па на крајот сепак ги фотографираше девојките пред ресторанот.

 

- Оглас -

Најнови вести