Јамал има цело полувреме за да го направи првиот хет-трик во кариерата

Барселона води со 2-0 во каталонскиот дуел против Жирона, а двата гола ги даде 17-годишниот Ламин Јамал, за кого ова е втор пат во кариерата (првиот пат во февруари годинава против Гранада) да постигне два гола во Ла Лига, и има прилика првпат да направи хет-трик.

На Јамал сезонава сè му оди од нога, во петте досегашни кола веќе има три гола и четири асистенции.

Бојан Миовски е на клупата на Жирона, а според резултатот и случувањата на теренот, реално е да се очекува да го освежи нападот и да заигра во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести