11.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Јамал ја „измеша“ одбраната на Бриж, па доби прашање за Меси: „Не ме споредувајте“ (Видео)

Барселона одигра само 3-3 на гостувањето кај Бриж, а најдобриот поединец на Каталонците несомнено беше Ламин Јамал. Фудбалерот постигна два гола, а голот за израмнување на 2-2 многумина ги потсети на „магијата“ која ја имаше Меси во своите нозе додека настапуваше за Барселона.

„Мојот гол ве потсетува на Меси? Тој има постигнато вакви голови илјада во кариерата, не можам јас да се споредувам со него“, рече Јамал.

Следуваше и кратка анализа на мечот против Бриж.

„Добра екипа се и стадионот е тежок за играње. Тешко е да се добие натпревар кога ќе примите три гола. Тоа мора да го поправиме и веќе размислуваме во тој правец“, додаде Јамал.

- Оглас -

Најнови вести