Јамал: Ја заборавивме елиминацијата во ЛШ, сега сме на прагот на титула во Ла Лига

Ламин Јамал одигра уште еден фантастичен натпревар за Барселона, овојпат во големото Ел Класико, кое Каталонците го добија со 4-3 против Реал Мадрид во 35-тото коло од Ла Лига. Младата ѕвезда на Барса беше еден од најистакнатите играчи на теренот и по последниот свиреж не ја криеше радоста од триумфот.

„Ова е нешто многу посебно“, изјави 17-годишниот талент. „Многу важен натпревар. Многу важна разлика на табелата. Сега треба да уживаме бидејќи сите сме многу, многу среќни.“

Јамал истакна дека тимот веќе го оставил зад себе разочарувањето од елиминацијата во Лигата на шампионите и дека сега е целосно фокусиран на борбата за титулата во Шпанија.

„Ја заборавивме Лигата на шампионите, исто како и навивачите. Ќе се бориме секоја година додека не ја освоиме. Сега беше важно да победиме, ова нè доближува до шампионската титула“, додаде тој.

Младиот офанзивец им оддаде почит и на навивачите кои го наполнија „Монжуик“ и создадоа атмосфера достојна за Ел Класико.


„Не игравме на ‘Камп ноу’, но навивачите нè поддржаа фантастично. Многу сме им благодарни“, истакна Јамал.

Со оваа партија Јамал продолжи со својата импресивна сезона, веќе има седум гола и 12 асистенции во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести