20.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Јамал ѝ купил куќа на мајка си: „Таа е моја кралица“

Крилниот напаѓач на Барселона и шпанската репрезентација, 18-годишниот Ламин Јамал, изјави дека купил куќа за својата мајка.

„Пораснав во стан каде што кујната и спалната соба беа на исто место. Ја прашав која област ја сака и таа избра. Има сè што сака. Таа е мојата кралица, ја сакам најмногу. Мајка ми е среќна, сега мојот брат може да го има детството за кое сонував, ги гледам татко ми и баба ми исто така среќни во своите домови, а тоа ме прави најсреќен“, изјави Јамал.

Шпанците пишуваат дека Јамал во последната година купил три куќи, од кои едната ќе биде за мајка му Шила и за таа куќа потрошил од 2 до 5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести