За најдобриот млад фудбалер на светот, Ламин Јамал, оваа календарска година е завршена што се однесува до неговите настапи.
Јамал го повреди десниот зглоб на средбата со Леганес, а лекарските прегледи покажаа дека има повреда за која обично се паузира три до четири недели. Ова значи дека Барселона ќе мора да игра без Јамал на дербито со Атлетико Мадрид претстојниов викенд и веќе нема да игра до крајот на календарската 2024 година.
За Барса добро е што доаѓаат празници, па до крајот на годината ѝ остана само мечот со Атлетико и Јамал нема да пропушти друг првенствен меч. Јамал нема да игра ниту во Купот на Шпанија против Барбастро, а неизвесно е дали ќе игра во Суперкупот на Шпанија. Во полуфиналето на Суперкупот, Барса на 8 јануари во Џеда игра со Атлетик Билбао, а ако победи, можно е финале со Реал Мадрид, кој во полуфиналето игра со Мајорка.