Најдобриот млад фудбалер во светот, Ламин Јамал, неодамна и официјално стана полнолетен, а медиумите беа преполни со информации за „лудата“ прослава. Имаше многу критики, а денес и самиот фудбалер одговори на прозивките.
„Не им посветувам внимание на критиките и што некој рекол, освен ако тие не се од членовите на моето семејство и пријателите. Фокусиран сум само на фудбалот и тоа е сè што имам да кажам“, рече Јамал.
Осумнаесетгодишниот фудбалер имаше кус коментар и за легендарната „десетка“ на Барселона, која во иднина ќе стои на неговиот грб.
„Меси остави свој белег, сега редот ми е мене да го направам тоа. Бројот 10 го наследувам од Ансу. Сакам сите навивачи на Барселона да ги направам среќни. Мојата цел е да ја освоиме Лигата на шампионите и Светското првенство со Шпанија“, одговори Јамал.