Јамал пишува историја на ЕП, но пишува и домашна од хотелската соба!

Најмладиот играч во историјата на европските првенства, Шпанецот Ламин Јамал, во исто време ги завршува и своите училишни обврски.

Учебната година е при крај, а за разлика од повеќето негови врсници, Ламин кој на 13-ти јули ќе наполни 17 години, е во Германија и игра на Европско првенство во фудбал.

Додека е во Германија, освен фудбалските, тој мора да ги заврши и обврските како средношколец во 4-та година во средно училиште.

„Посетувам часови и секој ден добивам различни домашни задачи“, објасни Јамал додека завршува дел од часовите по англиски јазик.

Помеѓу решавањето математички равенки и учењето за правилна употреба на заменките на англиски јазик, Ламине размислува и за топката.

„Како дете, секогаш сонуваш да играш на натпревари како Европско првенство, Светско првенство. Многу сум среќен што можам да поставувам рекорди, ќе видиме дали ќе успеам да станам и најмлад стрелец“, коментира тој, откако веќе одлучи кому да му го посвети голот во случај да погоди и да стане најмлад стрелец во историјата на европските првенства.

„Како и секогаш, на моето семејство и моите пријатели, кои секогаш ми помагаа, и се надевам дека ќе го поставам рекордот против Италија. Не е нормално да имаш 16 години и да играш вакви натпревари, тоа е како сон, но не смееш премногу да размислуваш за тоа, треба да мислите дека можете да се подобрувате секој ден, дека никогаш не сте на својот врв“, вели крилото на Барселона.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести