7.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Јамал постигна хет-трик, влезе во историјата и донесе триумф за Барса (Видео)

Фудбалерите на Барселона славеа убедлива победа над Виљареал со 4-1 на „Камп Ноу“ во дербито на 26-тото коло во шпанската Ла Лига.

Бранителот на титулата сега има 64 бода на врвот на табелата, со предност од четири бода пред Реал Мадрид, кој во понеделник го пречекува Хетафе под голем притисок.
Виљареал останува третопласиран со 51 бод, но можност за поместување му дава Атлетико Мадрид доколку слави во Овиедо.

Херој на натпреварот беше Ламин Јамал, кој постигна три гола за Барселона и ја потврди својата врвна форма во клучниот дел од сезоната. Тој стана најмладиот играч на Барса кој постигнал три гола од 1934 година.

Во самиот финиш се запиша и Роберт Левандовски, додека за гостите стрелаше Папе Геј.

- Оглас -

Најнови вести