Ламин Јамал со Шпанија стана европски шампион, но не крие дека размислувал да настапува за Мароко, земјата во која е роден неговиот татко. Сепак, како што вели, играњето на Европско првенство е голем предизвик и затоа ја одбрал Шпанија.
„Идејата да играм за Мароко ми беше на ум. Мароко баш тогаш стигна до полуфиналето на Светското првенство, но на крајот не размислував. Со сета почит кон Мароко, отсекогаш сакав да играм на Европско првенство, за играњето тука во Европа. Во Барселона се роди желбата за освојување на Европското првенство, а во тоа и успеав, а сега сакам да играм и на Светското првенство и да го освојам. Секогаш ќе имам почит кон Мароко. Тоа е и моја земја. Играњето за нив не би било чудно или погрешно, но Шпанија се натпреварува на Европско првенство. Пораснав во Шпанија и ја сметам за моја земја.“ – рече Јамал.

