16.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Јамал само еднаш има играно на „Камп ноу“, денеска го чека вториот настап

Најголемата ѕвезда на Барселона, младиот Ламин Јамал, денеска ќе го има својот втор настап на култниот „Камп Ноу“.

Јамал во својата кариера само еднаш има играно на најголемиот стадион во Европа и „природен дом“ на Барса. Тоа беше во април 2023 година против Бетис, кога имаше само 15 години, 9 месеци и 16 дена.

Сега е 18-годишен, има собрано доволно искуство, и многу е поквалитетен отколку кога дебитираше.

Попладнево против Атлетик Билбао има прилика првпат да постигне гол или да асистира на „Камп ноу“.

„Монжуик бше само почеток, Камп Ноу е местото каде ќе се пишува историјата“, порача Јамал на Инстаграм пред денешниот меч.

- Оглас -

Најнови вести