30.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Јамал се пожали на болки во грбот, критики за Де ла Фуенте дека многу го „цеди“

Ламин Јамал повторно блескаше во дресот на Шпанија, која ја совлада Бугарија на гостински терен со 0-3, но во финишот асот на Барселона мораше да излезе од игра.

Како што откриваат шпанските медиуми, Јамал уште на натпреварот против Рајо Ваљекано минатиот викенд почувствувал болки во грбот, но селекторот Луис де ла Фуенте не сакаше да му даде одмор.

Јамал одигра уште еден одличен натпревар, асистирајќи му на Микел Мерино за 0-3, но потоа во 79-тата минута излезе од игра и се фати за грбот.

Според шпанските медиуми, не би требало да станува збор за ништо сериозно, но се чека официјален лекарски извештај.

Каталонската јавност често го критикува Де ла Фуенте што никогаш не му дава одмор на Јамал и што тој игра преголем број минути, нешто што повторно беше случај и сега.

Шпанија веќе водеше со 0-3 до 38-мата минута, а Јамал на крајот одигра речиси 80 минути.

- Оглас -

Најнови вести