Ламин Јамал веќе е на подготовките со останатите репрезентативци на Шпанија, но најдобриот млад фудбалер на светот и во кампот на националниот тим е магнет за изјави и нтервјуа. Тој пред шпанските медиуми зборуваше на многу теми, Златната топка, Лигата на шампионите, но и Светското првенство.
„Би било нешто навистина неверојатно да ја освојам Лигата на шампионите со Барселона. Сите фудбалери сонуваат да ја освојат Златната топка. Оној кој го тврди спротивното – не е искрен. Фактот дека сум меѓу кандидатите на 18 години е голема чест за мене“, вели Јамал.
Осумнаесетгодишниот репрезентативец на Шпанија посакува и светска титула со Црвената фурија.
„Не очекував дека ќе заиграм за Шпанија толку млад, но верувам дека можеме да станеме светски шампиони. Сè зависи од концентрацијата. Де ла Фуенте секогаш застанува на моја страна и ме брани и затоа сум му многу благодарен. Со него се согласувам буквално во сè“, додава Јамал.