Јамал со една објава на Инстаграм предизвика бура: Барселона го подготвува најголемото засилување за летниот период

Ламин Јамал со својата објава на социјалната мрежа Инстаграм предизвија еуфорија кај голем дел од навивачите на Барселона. Тинејџерот постираше фотографија на која е заедно со Нико Вилијамс во дресот на шпанската репрезентација.

Најавите се дека денеска имало интензивни разговори меѓу челниците на Барселона и Нико Вилијамс кој се подготвува за трансфер на „Камп Ноу“. Вилијамс дури имал разговори и со тренерот на Барселона, Ханси Флик, кој му ги објаснил плановите на каталонскиот гигант за следната сезона.

Вилијамс минатата сезона одигра 45 меча во дресот на Атлетик Билбао во кои постигна 11 голови, а имаше и седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести