Барселона со победата над Атлетик Билбао од 2-0 обезбеди место во финалето на шпанскиот Супер куп, кој се игра во Саудиска Арабија. Вториот гол на мечот беше дело на младиот Ламине Јамал, кој се уште нема освоено трофеј со Барселона, а после натпреварот во неговата изјава дека тоа му е целта.
“Атлетик Билбао е физички одлично подготвена екипа. На крајот од првиот дел малку паднавме, но продолживме да играме, ја надминавме кризата и на крајот заслужено победивме. Среќни сме што сега ќе може да играат и Дани Олмо и Виктор Пау. Тие се одлични фудбалери. Сега сме во финалето и со нетрпение чекам да го освојам првиот трофеј со Барселона.“ – рече Јамал после победата над клубот од Баскија.
Противник на Барселона во финалето на шпанскиот Супер куп ќе им биде пододбиор од второто полуфинеле, во кое играат Реал Мадрид и Мајорка.