Јамал со новиот договор ќе добива 16 пати поголема плата во Барселона!

Ламин Јамал за две недели ќе наполни 18 години и ќе стане полнолетен. Овој тинејџер веќе има одиграно преку 100 натпревари за Барселона и веќе е главна алка во играта на каталонскиот гигант. Тој е еден од најзаслужните што Барселона сезонава ја заврши со три трофеи (првенството, Купот и Суперкупот на Шпанија), па логично е дека челниците на клубот сакаат да го задржат најголемиот светски талент.

Денеска треба да биде потврдено потпишувањето на новиот договор на Јамал според кој тинејџерот ќе остане верен на Барселона до 2031 година. За шестгодишниот договор, Јамал ќе добие 30 милиони евра годишна плата, што е 16 пати поголема сума од тоа што го добиваше досега.

Јамал ќе го добие и дресот со бројот 10 што го носеле многу легендарни играчи на Барселона, меѓу кои секако е и најголемиот меѓу нив, Лионел Меси. Во сезоната која што измина, 17-годишниот тинејџер директно учествуваше во постигнување на преку 40 голови за Барселона во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести