Најдобриот млад фудбалер на Европското првенство во Германија, Ламине Јамал, уште еднаш се запиша во историјата на светскиот фудбал откако сруши нов рекорд. Тој е еден од 30-те номинирани во изборот за престижната награда Златна топка.
Фудбалерот на Барселона само со 17 години и 53 дена се најде во престижното друштво и стана најмладиот фудбалер во историјата кој бил номиниран за оваа наградата. Со тоа го сруши досегашниот рекорд на Килијан Мбапе, кој беше номиниран со 28 години и 293 дена.