Младата ѕвезда на Барселона и еден од најдобрите фудбалери во светот, Ламин Јамал, за првпат во својата кариера се најде во топ 10 најплатени фудбалери.
Според магазинот „Форбс“, главната причина за тоа се профитабилните договори што Јамал ги потпиша со „Адидас“, „Виза“ и „Конами“.
Се предвидува дека Јамал оваа сезона ќе заработи малку повеќе од 38 милиони евра, од кои речиси девет милиони ќе бидат од спонзорски договори.
На врвот на листата на најплатени фудбалери во светот, како и што се очекуваше, се наоѓаат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Според проценките на „Форбс“, Португалецот оваа година ќе заработи малку повеќе од 250 милиони евра, додека Аргентинецот ќе инкасира околу 116 милиони евра, од кои речиси 63 милиони ќе бидат заработени вон теренот.
На листата на најплатени фудбалери се наоѓаат уште и: Карим Бензема, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Винисиус јуниор, Мохамед Салах, Садио Мане и Џуд Белингам.