Откако Барселона го победи Реал Мадрид со 3-2 по продолженијата во финалето на шпанскиот Куп, од таборот на Кралевите пристигнаа обвинувања на сметка на најдобриот млад фудбалер во светот, Ламине Јамал, дека е арогантен. Тие велат дека неговото однесување не му доликува, но пред мечот против Интер во Лигата на шампионите пристигна и одговорот од фудбалерот на Каталонците.
„Додека јас ги победувам, тие не можат ништо да кажат. Кога ќе нѐ победат, тогаш нека зборуваат“, вели Јамал.
Беше запрашан и дали чувствува страв кога се играат големи натпревари, како тој против Реал или сега против Интер.
„Не чувствувам страв, но ја чувствувам мотивацијата и тие пеперутки во стомакот пред натпревар и мислам дека тоа е добра работа. Што се однесува до стравот, го оставив одамна во паркот во Матаро (неговиот роден град). Не чувствувам притисок. Атмосферата од финалето на Купот, на пример, е нешто што треба да се доживее и да се ужива. Не го доживувам тоа како притисок“, додаде фудбалерот на Каталонците.