Јамал збеснал на клупата поради потегот на Ханси Флик (Видео)

Ламин Јамал изрази големо незадоволство откако тренерот Ханси Флик го замени на натпреварот против Рајо Ваљекано. Фудбалерот реши јавно да ја покаже својата реакција, а на клупата беше смируван од членови на стручниот штаб.

Барселона со тешкотии го совлада противникот со 1-0, а главната ѕвезда на тимот, Ламин Јамал, не беше на теренот во моменти кога каталонскиот гигант ја чуваше стекнатата предност.

Флик го повлече од терен во 82-рата минута, што не му се допадна на младиот играч и незадоволството го покажа јавно.

„Ламин Јамал му се налути на Ханси Флик по замената. Камерите ја снимија целата сцена. Направи неколку гестови кон Флик“, се наведува во извештаите на шпанските медиуми.

Потоа член на стручниот штаб се обиде да го смири Јамал, но тој реагираше со слични зборови: „Не. Секогаш мене ме заменува.“

На крајот, ситуацијата ја смири искусниот голман Војќех Шченсни, кој поразговара со Јамал и успеа да ги смири емоциите на незадоволната ѕвезда на Барселона. Ова е уште еден доказ за значењето на полскиот голман за соблекувалната, тешко дека некој друг би можел да смири тинејџер кој смета дека мора да игра секоја минута.

Флик не реагираше на овие постапки на Јамал, веројатно затоа што како искусен стратег јасно ја сфаќа желбата на младиот играч да настапува, па ситуацијата ќе се реши со разговор во „четири очи“.

Во Барселона со години се гради посебен однос со Јамал. Токму затоа ваквите сцени предизвикуваат дополнителна прашина – клубот сака да го заштити бисерот од „Ла Масија“, но истовремено јасно да му стави до знаење дека никој не е над тимот и дека правилата мора да се почитуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести