Јан Сомер е херојот од сенка: Голманот на Интер правеше чуда (Видео)

Интер ќе игра во финалето на Лига на шампиони, откако по двата меча со Барселона и вкупно одиграни преку 210 минути беше подобар со вкупен резултат од 7:6. На вечерашниов реванш во Милано, Интер победи со 4:3 по 120 минути игра.

Иако Ачерби даде гол за 3:3 во 90+3 минута, а потоа Давиде Фратези погоди во 99 минута за 4:3, сепак во редовите на Интер не треба да се заборави еден „херој од сенка“.

Голманот Јан Сомер прими три гола вечерва, но имаше седум одбрани од кои неколку беа неверојатни. Швајцарскиот репрезентативен голман посебно воодушеви во 114 минута кога успеа да му го одбрани шутот на Ламин Јамал.

Кога многумина ја видоа топката во голот, Сомер одбрани и го спаси Интер.

Претходно Сомер имаше фантастични одбрана и во 77 минута по шутот на Јамал.

Yann Sommer great save against Barcelona 77′
byu/50lipa insoccer

Голманот на Интер на неверојатен начин го одбрани и шутот на Ерик Гарсија во 57 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести