Единствената македонска претставничка на Светското првенство во алпско скијање, Јана Атанасовска, немаше успешен настап во слалом. Таа не ја заврши првата слаломска трка во Залбах, откако направи грешка по само неколку поставени врати.
Таа ја загуби контролата и не можеше да ја продолжи трката.
Ова е второ Светско првенство за 18-годишната Јана Атанасовска.
По првата трка во слалом води Швајцарката Камиле Раст, која патеката ја мина за време од 58.91 секунди.