Сопственикот Димитрис Јанакопулос бурно реагираше по двата пораза на Панатинаикос во четирите досегашни натпревари од четвртфиналната серија на плејофот во Евролигата – и претерa.
Именувајќи ги директно, тој неколкупати ги нападна судиите и раководството на Евролигата, а патем и се закани дека неговиот клуб можеби наскоро ќе го напушти ова натпреварување и ќе се пресели во „НБА Европа“, чие формирање сè погласно се најавува.
Сето тоа дисциплинските органи на Евролигата педантно го забележале и денес му изрекоа строга казна.
Станува збор за парична казна, но износот навистина е огромен. Дури 100.000 евра ќе треба да уплати Јанакопулос во касата на Евролигата, па сега се очекува неговата нова реакција.
Сето ова се случува ден пред одлучувачкиот натпревар, кој се игра утре, од 20:45 часот, во Атина.