„Јане“ останува енигма за противниците – МЗТ сигурен против Сутјеска

МЗТ Скопје уште еднаш го одбрани домашниот терен совладувајќи ја Сутјеска со конечни 88:78. Штрковите и натаму го држат одличниот биланс и по осум меча одиграни во „Јане Сандански“ остануваат непоразени.

Гостите се обидоа да приредат изненадување, најава за тоа беше освоената прва четвртина со 18:13. До паузата беа во резултатска позитива, а потоа кошаркарите на Ѓорѓи Кочов го засилија темпото во третата делница во која постигнаа 27 поени, а дозволија само 15 во својот кош. Тука се скрши мечот, па Аеродромци до крајот немаа потешкотии да ја запишат вкупно 12-тата победа во шампионатот.

Со 28 поени и 5/6 погодени тројки блескаше капитенот Стојановски, Херис и Крстевски помогнаа со по 14 поени. Ексиграчот на македонскиот првак Никола Павличевиќ реализира високи 36 поени, но за Сутјеска не беше доволна неговата симултанка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести