Вечерашниот натпревар помеѓу машките одбојкарски репрезентации на Македонија и Грција, кој се игра во „Јане Сандански“ во Скопје од 20.15 часот, ќе биде сè, само не обичен меч од квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.
Македонија после убедливата победа над Грузија, се надева на нов триумф, кој речиси сигурно ќе ни донесе прво или во најлош случај второ место во групата, со тоа и ќе биде направен клучен чекор кон четврти пласман на ЕП.
Влезот во салата е слободен, потребна е огромна поддршка за Спартанците предводени од селекторот Хари Наковски, кој овој меч го нарече „натпревар на кариерите“ за него и играчите.
Нема да биде лесно, според квотите во Sport Life, Македонија е благ фаворит, Грција не е комплетна во овој квалификациски циклус, и се очекува да има голема борба на терен, затоа помошта од трибините е повеќе од потребна.