Јанг бојс ќе се радуваат на титула, ПСЖ ќе се мачи во Купот, во Србија почнува новото првенство

Сион – Јанг бојс (20:30 ч.)

На две кола до крајот, Јанг бојс имаат пет бода повеќе од Сент Гален, но доколку киксираат вечерва на гости кај Сион, може да се случи лидерот да ја прокоцка титулата. Реално на Јанг бојс доволно им е и еден бод, затоа што дури и Сент Гален да победи и стигне на три бода негатива во пресрет на последното коло, лидерот има многу подобра гол-разлика, која на крајот може да решава ако двата тима имаат еднаков број бодови.

Интересно е што во последното коло Јанг бојс на свој терен ќе играат токму со единствениот ривал Сент Гален, па најмирно ќе биде лидерот вечерва да ја обезбеди титулата. Сион бара спас, па во последните шест кола има три победи и три ремија, но факт е дека Јанг бојс имаат четири триумфи во низа.

Во последните 14 меча меѓу на овие два тима, Јанг бојс имаат 14 победи по ред, па и вечерва не треба да има дилеми.

Предлог тип: 2&3+ (1.97)

 

ПСЖ – Олимпик Лион (21:10 ч.)

Меч кој треба да го даде победникот во Лига купот во Франција. ПСЖ веќе ја освои титулата во првенството и Купот, а сега се надева на трофејот и во Лига купот. Олимпик Лион ја имаше една од најлошите сезони во Франција, а евентуалниот трофеј вечерва, ќе им биде како „лек на раната“.

И ПСЖ и Лион треба да бидат на врвно ниво затоа што само неколку дена по ова финале ќе играат и во Лигата на шампионите. Во последните 15 меѓусебни средби не било нерешено, па финалето може да е добра шанса да се прекине оваа низа, иако ПСЖ е голем фаворит.

Предлог тип: Х (4.75)

 

Киево – Пескара (21 ч.)

Последното коло во Серија Б ќе биде со многу калкулации. Дел од клубовите се борат за влез во плејофот за пласман во Серија А, а дел уште чекаат да бидат спасени од испаѓање.

Киево е на посакуваното шесто место, но ако загуби, може да падне дури и на 10-тото место и да извиси. Пескара со победа или евентуално со бод може да се спаси да не игра плејаут. Ако се види ситуацијата на табелата, на крајот еден освоен бод може да биде од многу корист за двата тима.

Предлог тип:  1Х&0-2 (2.07)

 

Бачка Топола – Војводина (19 ч.)

Бачка Топола беше едно од најпријатните изненадувања во српското првенство и на крајот обезбеди место во Лигата на Европа. За одличните игри говори и фактот дека Бачка Топола беше единствениот тим заедно со шампионот Црвена ѕвезда што немаше ниту еден пораз на свој терен.

Минатата сезона Војводина загуби со 2:0 на ова гостување, каде што домаќините покажуваат цврста одбрана и тешко примаат гол.

Предлог тип: 0-2 (1.72)

 

Слуск – Шахтар Солигорск (17:30 ч.)

Шахтар Солигорск игра одлично, па затоа по 19 одиграни кола е лидер во Белорусија. Одбраната е главниот адут за лидерот затоа што досега прими само девет гола. Слуск има четири порази во последните пет меча, а досега прими 29 погодоци. Гостите треба да победат и да докажат дека имаат квалитет за освојување на титулата.

Предлог тип: 2-2 (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести