Капитенот на Манчестер јунајтед од следната сезона ќе ги брани боите на Интер. Одредени англиски медиуми тврдат дека работата е завршена. Јанг ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен играч откако ќе му заврши соработката со Црвените ѓаволи.
Интер притискаше да го доведе Англичанецот во зимскиот преоден рок, но оперативецот на Јунајтед, Ед Вудвард, стави вето иако Нераѕурите нудеа пари како компензација. Според информациите, Јанг се согласи на едногодишен договор со Интер.
Поранешниот фудбалер на Астон вила потпиша за Ѓаволите во 2011 година, по трансферот вреден 15 милиони фунти, и за гигантот од „Олд Трафорд“ запиша повеќе од 260 настапи на кои реализира 19 погодоци и 43 асистенции.
Бекот ќе биде трето засилување на Интер од редовите на Манчестер јунајтед, откако летово ги ангажираше Ромелу Лукаку и Алексис Санчес.