22.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Јани Атанасов ја напушти Полска и следната сезона ќе настапува во Грција

Репрезентативецот на Македонија, Јани Атанасов, во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата, откако ја замени Полска со Грција. 25-годишниот фудбалер е нов член на АЕЛ Лариса, екипа која ќе се натпреварува во грчката Супер лига, откако минатата сезона успеа да се избори за пласман во повисок ранг.

Атанасов со АЕЛ Лариса потпиша договор на две сезони, а Грците го најавија како големо засилување во битката за исполнување на амбициите на клубот.

Јани Атанасов потекнува од Академија Пандев (Брера), а настапуваше и за Бурсаспор, Хајдук, Кракобија и Пушча Ниеполомице. За репрезентацијата на Македонија има 26 настапи и три гола, а неговата вредност во моментов се проценува на 550.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести