Јани Атанасов промовиран во нов играч на Хајдук Сплит

Јани Атанасов потпиша тригодишен договор со Хајдук Сплит каде што пристигна како слободен играч по завршувањето на соработката со Бурсаспор. Младинскиот репрезентативец им се приклучи на „Пољуд“ на младите Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ, кои играат за вториот тим на Хајдук.

„Хајдук е голем клуб со голема историја и доста добри навивачи. Кога разговарав со татко ми и му кажав дека ова е вистинска шанса, сакам да играм за Хајдук и тоа се случи, јас сум тука. Има доста луѓе во Македонија кои се фанатици на Хајдук, и многумина ми препорачаа да дојдам тука и да освојувам трофеи“, истакна Атанасов, кој во новата сезона ќе им биде противник на Аријан Адеми од Динамо Загреб и Дарко Велковски од Риека.

- Оглас -

Најнови вести