Јани Атанасов го смени клубот, но останува во Полска

Јани Атанасов е нов играч на полскиот прволигаш Пушча Њеполомице. Македонскиот репрезентативец во Пушча Њеполомице доаѓа како позајмен играч и ќе остане во овој тим до крајот на сезонава.

Јани во Пушча Њеполомице доаѓа од тимот на Краковија, каде што настапи на 10 натпревари на ПКО БП Екстракласа, забележувајќи една асистенција. Сезонава настапи и во Купот на Полска. Во новиот тим 25-годишниот играч за врска ќе го носи дресот со бројот 6.

Пушча Њеполомице се наоѓа на претпоследното место во првенството само со 19 освоени бода од 21 натпревар.

- Оглас -

Најнови вести