4.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Јаник Синер е крал во Торино, во финалето со 2:0 го победи Алкарас

Јаник Синер е освојувач на завршниот АТП Мастерс турнир кој вечерва заврши во Торино. Во финалето, Синер пред домашната публика во Италија, со 2:0 во сетови го победи најголемиот ривал Карлос Алкарас.

Повеќе од два часа траеше борбата меѓу двајцата најдобри тенисери на денешницата, а по голема борба, Синер се радуваше. Во првиот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а Алкарас при водство од 6:5 имаше една брејк топка, која воедно беше и сет топка, но не ја искористи.

Синер израмни на 6:6, а потоа Италијанецот го доби тајбрејкот со 7:4.

Во вториот сет, Алкарас започна одлично и направи брејк, а потоа поведе и со 2:0. Сепак, Синер успеа да се врати и загубениот свој сервис го врати со брејк кога израмни на 3:3. Потоа двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, се до моментот кога Синер поведе со 6:5. Потоа Алкарас сервираше во обид да стигне до уште еден тајбрејк, но Синер стигна до брејк топка, која воедно беше и меч поен, а Италијанецот веднаш го искористи и стигна до победа од 7:6, 7:5.

- Оглас -

Најнови вести