33.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Чудо над чудата, епски пресврт на Алкараз за титула на „Ролан Гарос“

Карлос Алкараз триумфираше во едно од најневеројатните финалиња во историјата на гренслемите.

Во финалето кое траеше пет и пол часа, Алкараз со 6-4, 7-6, 4-6, 6-7, 6-7 го победи Јаник Синер.

Синер до финалето дојде без загубет сет, а денеска му заврши низата од 31 освоени сетови по ред на гренслемите (рекордер е Роџер Федерер со 36).

За Алкараз ова е петти освоен гренслем по ред, и уште нема пораз во финалињата, додека Синер првпат загуби гренслем финале.

Лани Алкараз во пет сета го совлада Синер во полуфиналето на „Ролан Гарос“, а истото се слули и сега за 8-4 во меѓусебните дуели против Шпанецот.

Алкараз има одличен скор од 13-1 во мечеви со пет сета, а Синер има 6-10.

Алкараз досега (на девет меча) никогаш немаше добиено меч на кој губел со 0-2 во сетови, а за Синер ова е трети пораз во меч на кој водел со 2-0. Губеше и од Карен Хачанов на САД опен 2020 година и од Новак Ѓоковиќ на Вимблдон во 2022.

Синер беше пред победа, во четвртиот сет при 5-3 и сервис на Алкараз, Синер испушти три меч топки, и тоа беше ветер со грб за Алкараз кој го зеде сетот и од 0-2 дојде до 2-2. Шпанецот беше во налет и веднаш направи брејк на стартот на петтиот сет.

Во петтиот сет, Алкараз ја имаше контролата, при водство од 5-4 имаше гејм на свој сервис, но не ја заврши работата. На крај се решаваше во супер тај-брејк во кој Алкараз поведе со 7-0 и конечно го комплетираше епскиот пресврт.

Победникот добива 2,55 милиони евра, додека поразениот финалист ќе заработи 1,27 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести