Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на последниот Гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД. За Синер ова е прва титула на престижниот турнир во Њујорк, а втора гренд-слем титула во кариерата.
Во финалето, Синер играше против домашниот тенисер тејлор Фриц, кој сепак немаше сили достоинствено да се спротистави, па на крајот Италијанецот победи со максимални 3:0 во сетови.
Jannik Sinner comes back from 3-5 down in the 3rd set and defeats Taylor Fritz 6-3, 6-4, 7-5 to win his SECOND Grand Slam title, FIRST at the #USOpen.
Best player in the world in 2024. pic.twitter.com/zHghJe1QfL
— José Morgado (@josemorgado) September 8, 2024
Во првиот сет Синер беше подобар со 6:4, а потоа го доби и вториот сет со 6:3. Во третиот сет Фриц водеше со 5:4 и сервираше да го добие сетот, но Синер направи брејк и израмни на 5:5, а потоа најдобриот тенисер во светот го доби овој сет со 7:5 и стигна до титулата.