23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јаник Синер е прв полуфиналист на Вимблдон

Јаник Синер е првиот полуфиналист на Вимблдон, откако со 3:0 во сетови го победи Бен Шелтон од САД. Италијанскиот тенисер кој е и број 1 на АТП листата беше неизвесно дали воопшто ќе излезе на теренот, затоа што се жалеше на повреда на лактот на десната рака, но не само што играше, туку Синер и победи.

Во првиот сет двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис па се играше тај-брејк во кој Синер беше убедлив и го доби со 7:2. Во вториот сет повторно двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, се до финишот.

Синер водеше со 5:4, а Шелтон беше на сервис. Најдобриот тенисер според АТП листата ја искористи првата брејк топка и стигна до 6:4 за водство од 2:0 во сетови.

Нешто слично беше и во третиот сет. Беше 5:4 за Синер, а Шелтон сервираше. Италијанецот ги пропушти првите две меч топки, но ја освои третата и со 6:4 во третиот сет се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести