Италијанскиот тенисер и лидер на АТП листата, Јаник Синер, го откажа своето учество на олимпискиот турнир во Париз.
„Со тага ве известувам дека за жал нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз. Имав добра недела тренинзи на земјена подлога, поминав неколку дена во одмор и за време на посетата лекарот откри тонзилитис и силно ме советуваше да не играм. Ова е големо разочарување за мене, бидејќи олимпискиот турнир ми беше еден од приоритетите сезонава. Среќно на сите италијански спортисти на кои ќе навивам од дома. Форца Италија“, објави Синер на социјалните мрежи.
По повлекувањето на Синер, прв носител во Париз ќе биде Новак Ѓоковиќ, а втор Карлос Алкараз, што значи дека Србинот и Шпанецот би можеле да играат еден против друг само во финалето или во мечот за бронза. Трети носитрел ќе биде Александер Зверев, а четврти Данил Медведев.