Најдобриот тенисер во моментов, Јаник Синер, ќе игра во финалето на првиот гранслем-турнир сезонава, Отвореното првенство на Австралија. Италијанецот без многу мака со 3:0 во сетови го победи Бен Шелтон од САД и си закажа финале против Александер Зверев. Германецот Зверев во финалето се најде откако Новак Ѓоковиќ го предаде мечот само по еден одигран сет.
Синер само во првиот сет имаше проблеми со Шелтон. Американецот водеше со 6:5 и сервираше. Шелтон имаше и две сет топки, но Синер успеа да ги одбрани и потоа да направи брејк за 6:6, а потоа во тај-брејкот најдобриот на АТП-листата беше подобар со 7:2.
Во продолжение на мечот, Шелтон едноставно не можеше да го следи ритамот на Синер и фаворитот лесно со 6:2 и 6:2 ги доби следните два сета за победа и ново финале на турирот во Мелбурн. Синер е актуелен владетел на овој турнир откако минатата сезона се радуваше на трофејот.