12.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Јаник Синер го „збриша“ Ѓоковиќ за прво финале на Вимблдон!

Јаник Синер му се придружи на Карлос Алкарас во големото финале на Вимблдон, откако со максимални 3-0 го победи Новак Ѓоковиќ.

Србинот играше во финале на последните шест изданија на Вимблдон, но вечерва немаше сили и за седмо финале по ред. Италијанецот, кој воедно е и прв на АТП ранг-листата ги доби првите два сета со по 6-3, а во третиот започна лошо, па Србинот имаше убедливи 0-3.

Сепак, тоа беше се што направи Ѓоковиќ на овој меч. Во продолжение на третиот сет, Синер одигра фуриозно и на крајот го доби со 6-4 за конечни 3-0 и прво финале на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести