Јаник Синер изненадувачки елиминиран на турнирот во Хале

Најдобриот тенисер во моментов, Јаник Синер, беше елиминиран во осминафиналето на турнирот во Хале, откако загуби од Казахстанецот Александер Бублик со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 4-6). Мечот траеше два часа и четири минути.

Синер ја бранеше титулата од минатата сезона, па со поразот загуби 450 поени, но неговото прво место на АТП листата не е загрозено.

За Бублик ова е прва победа во кариерата против тенисер кој е број 1 во светот.

Во четвртфиналето Бублик ќе се сретне со Чехот Махач.

- Оглас -

Најнови вести