19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Јаник Синер ќе остане светски рекет број еден до крајот на годината

Италијанскиот тенисер Јаник Синер првпат во кариерата ќе ја заврши календарската година на првото место на светската АТП ранг-листа.

Овој 23-годишник денеска си го гарантираше првото место откако неговиот најблизок конкурент Карлос Алкараз загуби од Чехот Томаш Махач во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај. Сега Синер има 11.320 поени, а Алкараз 7.120.

Синер ќе биде деветнаесеттиот тенисер во историјата кој ја завршил годината како број 1 во светот.

- Оглас -

Најнови вести