Јаник Синер со подвиг кој не му успеал на ниту еден тенисер во историјата

Јаник Синер е освојувач на Мастерсот во Мајами откако во финалето по малку повеќе од еден и пол час игра го победи Јири Лехечка со 6:4, 6:4. Со оваа победа Синер само ја потврди доминацијата која ја има во моментов и го комплетира „Саншајн дубл“, односно да ги освои мастерсите во Индијан Велс и Мајами во иста година. Тоа на машкиот дел од турнирот се немаше случено девет години, односно од подвигот што го направи Роџер Федерер во 2017 година. Италијанецот сега е само осмиот тенисер кој може да се пофали со ваков подвиг.

Сепак, победата на Синер во финалето против Лехечка е уникатна затоа што тој стана првиот тенисер во историјата кој успеал да ги комплетира трофеите на Индијан Велс и Мајами и тоа без да загуби ниту еден сет.

„Многу сум среќен. Многу ми значи што си заминувам од оваа турнеја не со еден туку со два трофеи. Неверојатно е чувството, првпат го освојувам Саншајн дабл. Никогаш не сум помислувал дека ќе можам да направам нешто такво затоа што е многу тешко да се успее. Среќен сум што успеав“, рече Синер по победата во финалето во Мајами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести