Јанис Адетокумбо го напушта Милвоки?

Кошаркарите на Милвоки бакс повторно беа елиминирани уште на стартот на плејофот, што го отвори прашањето за иднината на Јанис Адетокумбо. По елиминацијата од Индијана во првото коло, американските медиуми започнаа да шпекулираат дека грчката суперѕвезда би можела да го напушти клубот.

Ова е третпат по ред Милвоки да биде елиминиран уште во првата рунда, што е сериозен удар за амбициите на тимот и за Јанис, кој и покрај тоа што има важечки договор, би можел да биде разменет во тим со поголеми шанси за шампионски прстен.

Се разгледува можноста Адетокумбо да премине во Мајами хит. Во потенцијална размена, во Милвоки би пристигнале Тејлор Хироу, Хајме Хакез и Данкан Робинсон.

Дополнителен фактор за можната размена е повредата на Демјан Лилард, кој по кинење на Ахиловата тетива ќе отсуствува подолго време – што може да ги натера Бакс да ја реструктуираат екипата.

Јанис има 30 години и сезонава бележеше фантастични бројки: 30.4 поени, 11.9 скокови, 6.5 асистенции во регуларниот дел, како и 33 поени, 15.4 скокови и 6.6 асистенции во плејофот.

Во Милвоки е од 2013 година, избран како 15-ти пик на драфтот, има една титула (2021), две МВП награди и еден трофеј за најкорисен играч во финале.

- Оглас -

Најнови вести