Вечерва во НБА лигата се играат седум натпревари на речиси сите има јасни фаворити, па ако во Sport Life уплатите на победи на фаворитите на ист тикет, може и фино да заработите.
Натпреварот кој треба да биде најчист кец, барем според квотите за конечен тип, е оној во Бостон, каде Селтикс го пречекува Милвоки бакс. Домашните се големи фаворити за победа, но Елените во своите редови го имаат Гркот Јанис Адтокумбо кој денеска полни 30 години и ќе сака на роденденот да прикаже врвна игра и да го одведе својот тим до голема победа.
Атланта има пет победи по ред, шестата ќе ја бара против Лејкерс, а на сериозен тест че биде ставена и серијата на Минесота која игра со Голден стејт и брка четврти триумф едноподруго.
Може да одиграте на 64 кошаркари за број на поени, кај Адетокумбо хендикеп границата е поставена на 30,5 поени.
На листата е и Германецот Франц Вагнер од Орландо кој на последните 15 меча има просек од 27,5 поени, и токму толку е хендикепот за вечерашниот дуел со Филаделфија.