17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Јанис е незадржлив, Милвоки конечно личи на НБА шампион

Јанис Адетокумбо беше незадржлив за Орландо и го предводеше Милвоки до нова победа, овојпат од 117:108. Актуелниот НБА првак сега врза три победи во низа и има биланс од преку 50 отсто успешност (девет победи и осум порази).

Центарот на Милвоки даде 32 поени, а имаше и 20 скока, но му фалеа пет асистенции за трипл-дабл.

Бостон победи на домашен терен против Оклахома со 111:105, а најзаслужен е Татум кој мечот го заврши со 33 поени.

Од деветте меча кои се играа ноќеска, домаќините славеа на осум. Да не биде перфектна домашната доминација се погрижи Јута која со 123:105 се радуваше на теренот на Сакраменто. Џезерите го имаат третиот најдобар скор на Западот со 11 победи и пет порази и се веднаш зад Голден Стејт (14-2) и Феникс (12-3).

Резултати: Њујорк – Хјустон 106:99, Индијана – Њу Орлеанс 111:94, Вашингтон – Мајами 103:100, Аталанта – Шарлот 115:105, Бостон – Оклахома 111:105, Милвоки – Орландо 117:108, Минесота – Мемфис 138:95, Портланд – Филаделфија 118:111, Сакраменто – Јута 105:123.

- Оглас -

Најнови вести