Ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, заедно со неговите браќа Танасис, Костас и Алекс, како и шведскиот хокеар Филип Форсберг станаа косопственици на фудбалскиот клуб Нешвил, кој се натпреварува во МЛС-лигата.
„Татко ми беше професионален фудбалер и тоа беше првиот спорт во кој се заљубив во Грција. Отсекогаш сонував да имам фудбалски тим.
Кога со браќата ја разгледувавме можноста да инвестираме во Нешвил, знаевме дека ова е тимот и градот во кој сакаме да бидеме дел“, изјави Јанис.
Мнозински сопственик на клубот останува Џон Инграм, а покрај браќата Адетокумбо и најдобриот стрелец на НХЛ-тимот Нешвил предаторс, акции имаат и играчот на НФЛ тимот Тенеси тајтанс, Дерик Хенри, и актерката Рис Витерспун.